На покана на градоначалникот на Елбасан, Чонески присуствуваше на традиционалниот настан Sofra e Elbasanit

Сподели го ова:





























На покана на градоначалникот на Елбасан, Гледијан Љатја, крушевскиот градоначалник Нико Чонески присуствуваше на традиционалниот настан Sofra e Elbasanit, кој претставува значајна можност за зајакнување на пријателството и соработката меѓу овие две општини.

“На средбата ја потврдив посветеноста на Општина Крушево за продлабочување на партнерството со Елбасан, особено во насока на развој на културниот туризам, како и зачувување и промоција на богатите традиционални и културни вредности што ги негуваат двете општини.

Разговаравме и за можностите за понатамошна соработка во насока на збогатување на туристичката понуда на Крушево и прекуграничниот регион, преку развој на заеднички туристички рути, промоција на авантуристички туризам, како и организација на заеднички културни и туристички настани.

Ваквите иницијативи ќе придонесат за поголема видливост на нашите градови и за привлекување на поголем број домашни и странски посетители.

Верувам дека ваквите средби се важен чекор кон градење посилни партнерства и создавање нови можности за развој, во интерес на граѓаните на Крушево и Елбасан” – порача Чонески.




Сподели го ова:

Слични објави