Прилеп е на врвот од табелата! Екипата на КК “Мега Баскет” триумфираше над КК “Вардар”
Синоќа во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, екипата на КК “Мега Баскет” – Прилеп триумфираше над КК “Вардар”. Оваа прилепска кошаркарска екипа дојде до огромната победа над спортскиот ривал “Вардар”, за првото место во Првата кошаркарска лига на Македонија.
Ова беше навистина тежок спортски натпревар, каде прилепските кошаркари лавовски се бореа на теренот и го совладаа КК “Вардар” со 111:107.
Прилеп уште еднаш покажа дека е спортски град!















