Германски Божиќен базар во срцето на Прилеп

Сподели го ова:































Денес во срцето на Прилеп, на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, имавме можност да доживееме навистина прекрасен настан, германски Божиќен базар, исполнет со топлина, насмевки, детска креативност и вистинска празнична магија.

Со големо задоволство присуствувавме на овој настан, кој на еден автентичен и инспиративен начин ја доближи германската култура, јазик и традиција до нашите млади и до сите граѓани. Божиќни колачиња и переци, празнични украси изработени од ученици, песни на германски јазик и шаренолика атмосфера, вистинска зимска божиќна бајка. Овој прекрасен Божиќен базар беше организиран од Здружението на наставници по германски јазик, со поддршка од Гете-институтот од Скопје, Амбасадата на Сојузна Република Германија во Македонија и со поддршка од Општина Прилеп. Особено ме радува големиот интерес и активното учество на голем број ученици од основните и средните училишта во Прилеп, како и присуството на гости од повеќе општини низ Македонија. Чест ми беше што на настанот присуствуваше и амбасадорката на Сојузна Република Германија, г-ѓа Петра Дрекслер, чија поддршка претставува дополнителна потврда за значењето на ваквите културно-образовни иницијативи. Ваквите настани се одлична можност младите да се запознаат со други култури и традиции, да се развива почит, толеранција и отвореност кон различностите, вредности кои се темел на едно современо и европско општество. Прилеп уште еднаш покажа дека е град кој живее со празниците, ја негува културата и ги поддржува младите. Искрени честитки до организаторите и сите вклучени за одличната реализација, како и голема благодарност и честитки до сите дечиња и млади учесници кои со својот труд и креативност го направија овој ден посебен – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави