Претседателката Сиљановска Давкова веднаш се фати за работа! Ќе ги посети Ватикан и Рим
Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, на 23 мај, според протоколот, ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а потоа средба и со генералниот секретар за односи со државите на Ватикан.
За Сиљановска Давкова ова е прва официјална посета која ќе ја оствари во Ватикан и Рим, каде ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј.