Премиерот Мицкоски: Во Битола завршена е реконструкцијата на фасадата на Основното училиште „Стив Наумов“
“Завршена е реконструкцијата на фасадата на Основното училиште „Стив Наумов“ во Битола, со што значително се подобрени условите за учење и работа.
Инвестицијата изнесува 7.681.331 денари и е финансирана од Владата преку Министерството за образование и наука.
Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина” – порача премиерот Христијан Мицкоски.


















