ЈОВЧЕСКИ: „Универзална сала“ не смее да остани заклучена и празна!
Универзална сала“ не смее да остани заклучена и празна – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески при што надополни:
“Eден од моите приоритети во мојот мандат останува развојот на спортот и насочување на младите кон спортските активности и правилниот раст и развој. Токму поради тоа еден од главните предуслови е спортската инфраструктура во нашиот град.
Во последниот период се покрена една приказна која што допре до многу институции и спортски клубови и спортисти, а за тоа упатувам благодарност и до сите новинари и медиуми кои што ја пренесоа желбата на прилепчани за отворање на најголемата спортска сала во Прилеп.
Токму заедно со нив, спортските работници од нашиот град, клубовите, поранешни и сегашни спортисти, здруженијата како и Сојузот на училишни спортови, остваривме еден состанок на кој што како градоначалник ја поддржав петицијата со која до ЈП АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор и преку медијаторство на Агенцијата за млади и спорт се бара да се реши техничкиот проблем и на било каков начин да се стави во функција Универзалната сала во Прилеп. Локалната самоуправа на Општина Прилеп секогаш ќе дава поддршка на спортот во Прилеп и на спортските клубови, кои што заслужуваат да имаат основни услови за работа со цел да го презентираат Прилеп на она ниво кое што го посакуваме. На ред се надлежните државни институции и претпријатија да одговарат на овој спортски крик од Прилеп” – нагласи Јовчески.