Крушевската полиција поднесе кривична пријава против 46 годишен крушевчанец
ОВР Крушево поднесе кривична пријава против Т.О.(46) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во 2024 година, пријавениот, во својство на референт по сеча и превоз во Јавно претпријатие „Национални шуми“, продал приколка која претходно била одземена од Шумска полиција и предадена на Подрачно шумско стопанство „Липа“ – Крушево, и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист – информира МВР.
















