|

Познати судиите за двомечот Победа-Колерајн

Сподели го ова:





























Познати судиите за двомечот Победа-Колерајн. Така првиот меч во среда на 28 септември во Северна Ирска меѓу Колерајн и Победа (младинска лига на шампиони), на местото на 44-годишниот романец Мариан Александру Барбу (кој беше делегиран за првиот термин 21-септември) ќе го води 30-годишниот Том Овен од Велс, а ќе му помагаат сонародниците Конор Еоин и Ричард Долфин, додека 4-ти судија ќе биде домашниот Ричард Морисон -се истакнува во објавата на официјалната Facebook група на ФК Победа – Прилеп. Оваа објава, Ви ја пренесуваме целосно во прилог на оваа објава:

“Овен, лани судел еден меч од Младинската лига на шампиони: Розенборг-Мидтјиланд 2-4), како и еден меч оваа сезона(Селтик-Реал Мадроид 0-6) – на двата меча победиле гостинските екипи!

Реваншот во Скопје меѓу Победа и Колерајн, на 5 октомври од 14 часот на теренот на ФФМ од 14 часот, му е доверен на 30-годишниот германски судија Свен Јаблонски, кому ќе му помагаат сонародниците Кристоф Гунш и Ерик Милер, а 4-ти судија ќе биде нашиот Марјан Дејаноски” -се истакнува во објавата на официјалната Facebook група на ФК Победа – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави