Пожарникари од Прилеп сакале да гаснат пожар, а едно лице им се заканувало дека ќе ги убие
Командирот на ТППЕ -Прилеп како и уште еден негов колега – пожарникар, биле нападнати во обид да пристапат до пожар зад „Металец“ во Прилеп.
Врз основа на информации од ТППЕ Прилеп, тие во извршувањето на својата работна задача биле попречени од лице кое не им дозволувало да поминат, а воедно исто така на пожарникарите им се заканувало дека ќе ги убие.
Случајот е пријавен во полиција.


















