Повредените веднаш се пренесени во прилепската болница! На патот Градско-Прилеп се случи тешка сообраќајна несреќа

Сподели го ова:






























На 14.06.2025 година во 16.20 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на автопатот Градско-Прилеп, кај влез за рудник Тројаци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „Јамаха“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(27) од Битола и товарно возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.С.(47) од село Пашино Рувци, општина Кривогаштани.

Во несреќата М.Т. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информира МВР.




Сподели го ова:

Слични објави