Погледнете! Во воз во Швајцарија одекна македонската песна „Море сокол пие“…

Сподели го ова:





























Во туѓина, а срцето повторно си го најде патот до татковината преку песната. Сосема случајна средба на членови на црковен хор со музичари од Италија и Турција прерасна во незаборавен момент исполнет со емоции, кога во возот се запеаја „Море сокол пие“ и „Македонско девојче“.

За миг, патувањето не беше само обично возење, туку мало парче Македонија – исполнето со насмевки, топлина и заедништво. Музиката уште еднаш покажа дека нема граници и дека ги спојува душите, без разлика на јазикот, верата или земјата од која доаѓаме.

Видеото од оваа емотивна средба го сподели еден од членовите на Хорот „Св. Петка“, дипломиран професор по предучилишно воспитувањe, Благица Димоски.




Сподели го ова:

Слични објави