ОДЛИЧНА МОЖНОСТ ЗА НАЈМЛАДИТЕ ДА УЖИВААТ ВО УБАВИНИТЕ ВО КРУШЕВО: Детски камп во Крушево!!!

Сподели го ова:


























На изгрејсонце Крушево здогледано од подножјето на Баба Планина, блескоти како бисерче тукушто извадено од вода. Крушево е мало гратче, што по својата положба, физиономија и културно-историско значење е мошне интересна и атрактивна населба. 

Во средиштето на градот е чаршијата. Во неа и кон неа од сите страни се слеваат стрмни, тесни маалски сокаци. Градот Крушево е богат со стари сакрални објекти меѓу кои се: црквите св. Никола (1832); св. Богородица (1867); св. Јован (1905); манастирите св. Спас (1836); св. Василиј; св. Преображдение и т.н. Таму се наоѓаат исклучително ретки иконостаси, дрворези, фрески и икони. Бројните музеи, галерии и споменици од Крушевпо прават Град-Музеј, а Крушевската Република (2-12 Август 1903 г.) го прави Град-Востаник, бидејќи тоа е најважниот момент на историското минато на Македонија. Околу градот се издига букова и дабова шума, природна вегетација како и засадена Борова шума. Сето тоа му дава на гратчето своевидна привлечност и го дополнува пејзажот кој восхитува. Многубројните блиски излетнички места пленуваат со својата убавина, подеднакво во сите годишни времиња. Географската положба, надморската височина, климатските услови, културните знаменитости, специфичната архитектура, богатата традиција се специфичното обележје за Крушево, сенадеваме дека се доволно причини за да го посетите. Сето ова е доста примамливо, за да Вашите деца и ученици бидат дел од овој едукативен детски камп.

Родители и наставници, ова е одлична можност за дружба, забава и едукација на Вашите деца и ученици. Пријавувањето почнува, а кампот е наменет за деца од 9 до 13 години.

Пријавување на 076/ 833-088 и 076/ 833-087

Се гледаме убавото, историско Крушево.




Сподели го ова:

Слични објави