ДЕМАНТ НА ЈКП “ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА” – ПРИЛЕП ВО ВРСКА СО ЕДНА ОД ОБЈАВИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОРТАЛ „ МАКТЕЛ “ ПОВРЗАНА СО НОВОНАЗНАЧЕНИОТ ДИРЕКТОР

Сподели го ова:


Во врска со написите наведени во Портал „ Мактел “, а се однесува на новоназначениот директор на ЈКП “ Водовод и канализација”- Прилеп, дека истиот користи службени возила за приватни цели.ЈКП “Водовод и канализација” , со цел да им појасни на јавноста, јавно ја демантира објавата и изјавува дека службеното возило SKODA RAPID со рег. таблици PP 5826 AD е користено на неколку наврати од стана на директорот Игор Гулабоски и дежурниот инженер Филип Кедиоски за службени цели, а тоа е поткрепено со потпишана изјава од дежурниот чувар и дежурниот инженер во административната зграда и дека возилото е вратено по извршувањето на работните задачи во вечерните часови.Се надеваме во иднина нема да се соочуваме со лажни објави и пласирање на невистини. ЈКП “Водовод и канализација” работи со цел да им служи на граѓаните на Прилеп и навремено да се завршат работните обврски.





Сподели го ова:

Слични објави