maslo

Има мали пекари кои лебот го продаваат и по 25 денари, меѓутоа се поставува прашањето каков квалитет на брашно користат??

Сподели го ова:


Нема опис за фотографијата.

Големите производители на леб во Општина Прилеп веќе ги трошат последните резерви на брашно, при што градот Прилеп може да остане без леб, бидејќи гледано од економска гледна точка производството на леб (како што истакнуваат дел од производителите) производителите ги чини над 40 денари за едно парче од 550 грама, а тие го продаваат за 32-33 денари, што значи уште од самиот старт претрпуваат голема огромна финансиска загуба, меѓутоа како што истакнуваат дел од нив за STANICA.MK, вака со загуба можат да работат само уште некој ден, а потоа ќе мора да стават катанец на нивните производствени погони. Меѓутоа во нашиот крај има производители кои лебот го продаваат и по 25 денари, при што неколку загрижени граѓани кои што се јавија во нашата информативна редакција прашуваат каков квалитет на брашно користат тие што лебот го продаваат по 25 денари, бидејќи ако се користи вистински квалитет на брашно за производство на лебот, цената од 25 денари е мала, бидејќи се покачи буквално баш се, и брашното и струјата и цената на дрвата. Меѓутоа каков квалитет на брашно користат пекарите кои лебот го продаваат по 25 денари, и дали квалитетот на тоа брашно одговара на квалитетот на лебот кој што потрошувачите мислат дека го купуваат, останува надлежните да проверат. Покрај ова, треба да се испита и дали лебот се продава во хартиени хигиенски кеси како што лебот го пакуваат големите производители, или пак дел од нив лебот го продаваат без никаква заштита во ова време на корона, при што истиот го префаќаат еден куп раце се додека лебот дојде конечно до крајниот потрошувач.

Нема опис за фотографијата.





Сподели го ова:

Слични објави