Почина познатиот актер Кирил Поп Христов КИЛИ – ова е причината за смртта
Синоќа, 12.Март во Еквадор почина познатиот актер Кирил Поп Христов на 58 годишна возраст, а причина за смртта била инфаркт. Кирил беше познат во јавноста како Кили – оној ведар лик кој ќе остане вечно запаметен.
Кили до пред да се пресели во Еквадор, работеше во Македонскиот народен театар и беше препознатлив лик кој секогаш го привлекуваше вниманието на публиката.
Има глумено во повеќе филмови како што се: „Тетовирање“, „Панкот не е мртов“ и „Бал-кан-кан“, како и во голем број на врвни претстави.


















