ЗЕМЈО МАКЕДОНСКА: 22 години откако почина Петранка Костадинова
На денешен ден се навршуваат цели 22 години откако почина Петранка Костадинова, македонскиот славеј кој испеа многу песни, меѓу кои и легендарната “Земјо Македонска”.
Појавата на Петранка Костадинова, во македонската народна песна, беше онаа врзивна нишка, што го дава континуитетот на фолклорното творештво со новосоздадената музика. Всушност, нејзината појава е врзана со почетоците на авторизација на песните пишувани во духот на народната староградска песна.