По повод 30 години од постоењето на Т.А Бран, сите патници кои ќе извршат резeрвација на Велигденските, Првомајските и летните аранжмани, добиваат 10 % попуст



По повод 30 години од постоењето на Т.А Бран, сите патници кои ќе извршат резeрвација на Велигденските , Првомајските и летните аранжмани, добиваат 10 % попуст. Попустот важи до 05.04.2022, исклучиво за аранжманите во организација на агенција Бран. Со Туристичка агенција Бран Турс, Велигденските и Првомајските празници поминете ги со едно незаборавно патување во:
-Италија, во волшебната Венеција како и градот на љубовта Верона и Милано-градот на фудбалот, модата и дизајнот – по цена од 7900 ден
– Исусовото воскреснување дочекајте го во Истанбул во Цариградската патријаршија, со незаборавно крстарење по Босфорот и прошетки на Капали и Аксарај Царчија (турска музика) по цена од 5500 денари.
– Со Бран помините го Велигден патувањето на Зелениот бисер на Јонското море Крф – познат по голема велигденска традиција со несекојдневна процесија – оплакувањето на Христос како и мигот на Христовото Воскресение– за само 5900.
– Воедно велигденските празници поминете ги во Европските престолнини; Будимпешта и Виена за фантастични 6900 ден.
– Првомајските празници можете да ги поминете и во Будва со посета на прекрасниот Дубровник и најпознатото светилиште – Острошкиот манастир за само 3900 ден.
Први Мај можете да го помините опуштено во Сандански и Банско,за само 4900д.
Хит понуда по повод 1-ви Мај е аранжманот за Сараево,Бихаќ,Јајце,Плитвички езера и Загреб за само 7600 ден.
Да ве потсетиме дека се пуштени во продажба програмите за Лето 2022.
Секогаш сигурно, поволно и квалитетно 30 години со Туристичка Агенција Бран Т. А. Бран Турс Ви ги честита Велигденските и Првомајските празници.
За информации и резевации на телефон: 071906407, 048/411-188, на нашата фејсбоок страница или на бев страната www.bran.сom.mk


