По долго време, професионалниот бокс конечно се врати во Прилеп
По долго време вечерва професионалниот бокс конечно се врати во Прилеп! Во рингот на Simfonija Boxing Night се натпреваруваа врвни професионални боксери од Македонија и регионот, носејќи возбуда, адреналин и незаборавна атмосфера пред прилепската публика.

Голема чест и гордост за нашите сограѓани Ице Трајкоски и Матеј Чатлески, кои со својата храброст и борбеност успеаја да слават во своите борби. Честитки и за сите останати учесници од Македонија, Романија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина кои дадоа максимум и придонесоа овој настан да биде спортски спектакл. Посебно признание и за организаторите, кои овозможија Прилеп повторно да дише во ритамот на професионалниот бокс и да ужива во една спортска вечер за паметење – истакна Дејан Проданоски, пратеник и кандидат за градоначалник на Општина Прилеп.


















