Пелистерска убавина! Се уредува просторот во близина на Големо езеро и планинарскиот дом Димитар Илиевски – Мурато
Денес и во текот на вчерашниот ден, вработените од ЈУНП Пелистер работеа на уредување на просторот во близина на Големо езеро и планинарскиот дом Димитар Илиевски – Мурато на 2218мнв. Потребниот материјал и технички средства беа транспортирани со помош на возила на НП Пелистер. Големо езеро претставува едно од најубавите природни богатства на НП Пелистер и е одлична можност за сите љубители на природата и планината викендите да ги поминат во мирот и тишината на планината далеку од високите температури.

“Напоменуваме дека забраната за движење во шума сé уште е на сила и сите заинтересирани посетители треба да знаат дека е потребно да извадат дозвола за движење од седиштето на НП Пелистер, од Инфоцентарот или по електронски пат од FB или WEB страната.Притоа не заборавајте дека единствено место за одлагање на вашиот отпад на планина е вашиот ранец.Апелираме до сите планинари, секое несовесно однесување да го пријавите на еден од следните броеви:70281300, 071235972, 075237267, 072312215” – истакнуваат од НП Пелистер – Битола.

















