“ПЕКОЛ” ВО ПРИЛЕП: Измерени 44 степени во градот под Марковите Кули
Во текот на вчерашниот ден во Прилеп беа измерени рекордни 44,3 степени, а веста преку фотографија е потврдена од страна на Славчо Поповски, кој исто така најавува пеколни жешки температури и во наредните денови.
И денеска, прилепчани се соочуваат со пеколни жешки температури. Според информациите, пеколното жешко време ќе продолжи до четврток, а веќе од петок се очекува мало разладување, како и дожд кој ќе ни дојде како вистинско освежување од овие пеколни горештини.
