ОЧЕКУВАНО! Голем интерес во Загреб за претставата на прилепскиот народен театар која ќе се одржи утре во загребскиот театар „Гавела“
Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Хамлет“, во режија на Бранко Брезовец, на 10 септември гостува во загребскиот театар „Гавела“, каде што ќе изведе две претстави. Гостувањето на прилепскиот амсамбл е во рамките на манифестацијата „Еуријал 2024“.

Колку за потсетување, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ има гостувано неколку пати во Загреб, и тоа во рамките на фестивалот „Еуроказ“ каде ги има прикажано претставите „Антица“ и „Глембаеви.


















