Петти меморијален меѓународен турнир во пинг-понг „Илија Карески – Каре“ – Прилеп, настан кој веќе прерасна во значајна спортска традиција за нашиот град.

Сподели го ова:





























Овој турнир, во организација на Пингпонгарски клуб Младост 96, со поддршка од Пингпонгарска федерација на Македонија и Општина Прилеп, претставува симбол на почит, заедништво и продолжување на вредностите кои ги негуваше Илија Карески – Каре.

“Горд сум што нашиот град повторно е домаќин на спортисти од земјата и од странство, кои преку фер-плеј, посветеност и спортски дух ја одбележуваат оваа манифестација. Прилеп отсекогаш бил град на спортот, а ваквите настани дополнително ја зацврстуваат нашата позиција како центар на спортски случувања во регионот.

Изразувам искрена благодарност до организаторите, поддржувачите и сите учесници кои придонесуваат турнирот да се одржи на високо ниво.

На сите натпреварувачи им посакувам успешни мечеви, фер и коректна игра, а на гостите пријатен престој во Прилеп. Нека победат најдобрите, а спортот нека продолжи да нè обединува” – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави