ДЕНЕСКА ВО ПРИЛЕП -“МОЛЕБЕН” ЗА УСПЕШНА УЧИЛИШНА ГОДИНА ВО ЦРКВАТА СВ.ПЕТКА

Сподели го ова:





























МОЛЕБЕН ЗА УСПЕШНА УЧИЛИШНА ГОДИНА

Храм „Св. Петка“ – Прилеп:

Драги ученици, учители и родители,

во пресрет на новата училишна година, нашиот храм ќе отслужи молебен за успешна училишна година во сабота, 29 август, од 7:30 – 8:00 часот.

Во молитва ќе Го замолиме Бога да им подари на сите ученици здравје, мудрост, трпение и љубов кон знаењето, а на нивните учители сила, разбирање и просветленост за да ја пренесуваат својата мисија со љубов и посветеност.

Оваа молитвена средба е и можност да се потсетиме дека воспитно-образовниот процес не е само стекнување на знаење, туку и духовен раст и изградба на личноста, во духот на христијанските вредности.

„Држи се за поуката, не оставај ја; чувај ја, зашто таа е твој живот“ (Изреки 4,13).

✨ Ги покануваме сите ученици, родители и учители од нашиот град да се собереме заедно во молитва, за благословена, мирна и успешна учебна година.

По завршувањето на Молебниот, секој ученик ќе добие скромен подарок со благослов од свештеникот.

Со почит,

Храм “Св. Петка” – Прилеп




Сподели го ова:

Слични објави