Останаа уште малку билети! “Солза и смеа” на 07.02 во Битола и 11.02 во Прилеп

Сподели го ова:





























По повод цели 30 години постоење на “Солза и смеа”, оваа урнебесна екипа во месец февруари ја започнуваат својата најнова турнеја во 12 градови низ Македонија. После неколку години стенд-ап, овој пат пред публиката ќе се претстават со ЦЕЛА театарска претстава – урнебесна комедија која носи наслов “Леле шо ЧЕ ти напрам”, спектакуларна театарска претстава која со сигурност ќе ве насмее до солзи!

Ова најновото комично шоу на “Солза и смеа” ќе се одржи во Битола на 07. февруари во Народен Театар – Битола, а неколку дена подоцна настапуваат и во Прилеп на 11.02.2026 во големата сала во НУЦК Марко Цепенков, каде ПРЕМИЕРНО ќе ја изведат нивната најнова претстава, сала која исто како и минатите години, ќе биде претесна за да ги собере сите прилепчани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати комични ликови.

Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови. Побрзајте, билети за Битола може да си резервирате на тел. 075 611 799 а билетите за нивниот настап во Прилеп може да си купите во Кафетерија- Кафе ИН во цветната улица во Прилеп по цена 300 денари.

Билети само за најбрзите!

Побрзајте!!




Сподели го ова:

Слични објави