Есента си го прави своето! Денеска ќе имаме студено утро, а преку денот прекрасно сончево време со температури до 27 степени
Денеска ќе имаме студено утро, а преку денот сончево и пријатно време, проследено со мала умерена облачност. Во некои делови ќе дува слаб до умерен ветер кој што претежно ќе биде од југоисточен правец.
Врз основа на информсциите од Управата за хидрометеоролошки работи, максималната температура денеска се очекува да го достигне 27-миот степен.