Општина Крушево, во партнерство со Македонски олимписки комитет, реализираше работна средба посветена на развојот на спортот на локално ниво

Сподели го ова:





























Општина Крушево, во партнерство со Македонски олимписки комитет, реализираше работна средба посветена на развојот на спортот на локално ниво, со акцент на јакнење на спортската администрација, поттикнување на спортскиот туризам и поддршка на младите спортски таленти.

На средбата присуствуваа претставници од образовните институции, спортските клубови и локалната самоуправа, при што беа разменети идеи и предлози за унапредување на условите за спорт и рекреација во општината.

Особено внимание беше посветено на потенцијалот на Крушево како дестинација за спортски подготовки и организирање настани, имајќи ги предвид природните ресурси и постоечката инфраструктура.

Присутните се согласија дека развојот на спортскиот туризам може да придонесе за економски напредок и поголема видливост на општината на регионално и меѓународно ниво.

Во рамки на иницијативите, беше најавена поддршка за училиштата преку подобрување на условите за физичко образование и спортски активности, со цел поттикнување здрави навики кај младите.

Дополнително, ќе се работи на препознавање и развој на млади таленти преку стручни програми, едукација и соработка со спортските организации, со цел создавање квалитетна база за идни успеси.

Средбата заврши со конкретни насоки за понатамошни активности и продлабочување на соработката, со заедничка цел, изградба на одржлив и современ спортски систем кој ќе го позиционира Крушево како значаен центар за спорт и активен туризам.




Сподели го ова:

Слични објави