Општина Битола обезбеди помош за поплавените региони во Кичево

Сподели го ова:





























По контактите на градоначалникот Коњановски со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски и во координација со командирите на противпожарните единици на Битола и Кичево, Општина Битола обезбеди помош во поплавените региони во Општина Кичево.

Од територијалната противпожарна единица на Битола испратени се 4 пожарникари со едно возило, со 3 потопни пумпи, 1 моторна пумпа за испумпување на вода, црева, агрегат за струја и дополнителна опрема. Како градоначалник и како Општина стоиме на располагање и за друга помош доколку е неопходна и изразив надеж за што поскоро санирање на состојбата – порача Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави