Ограбен е познат прилепски бутик! Крадците фатени на лице место
На 20.05.2025 во 15:20 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, од слобода го лишиле Ж.М. (21) и С.Р. (22), двајцата од Прилеп. Лицата биле затекнати при извршување на кражба од бутик во Прилеп.
Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – и тоа веднаш по целосно документирање на настанот.

















