Кривична пријава за прилепчанец, вработен во ЈП Македонски шуми за ,,несовесно работење во службата“
СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Б.(43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,вршење на јавен превоз без поседување на лиценца’’ и „фалсификување на службена исправа’’ и против Б.Ц.(55) од Прилеп, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“ – подружница „Сандански“ во Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“.

На 21.02.2025 на патот Прилеп-Македонски Брод-Кичево, шумската полиција извршила преглед на товарно возило „ман“, управувано од првопријавениот, кое било натоварено со огревно дрво, при што е констатирано дека возилото го управува без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз на стоки и услуги, а второпријавениот, во својство на референт по превоз, извршил обележување на дрвата пред да бидат натоварени во возилото – информира МВР.


















