Од 10-ти октомври започнува годишната изложба на членовите на ДЛУП

Сподели го ова:






























Годинава во Ликовна галерија во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп од 10-ти октомври, започнува годишната изложба на членовите на ДЛУП.

Оваа година својата креативност ќе ја изразат 13 членови на ДЛУП, кои ќе се претставаат со творештво во различни техники и материјали, преку кои ја прикажуваат својата креативност во подем.

На изложбата ќе бидат изложени дела од:
Филип Перески, Методи Исков, Елена Димоска Николоска,
Маја Ралева Миладиновски, Емил Солески, Филип Јовески, Марјан Стојаноски, Верче Николоска, Дарко Талески, Кирил Гегоски, Лепа Милошеска, Бојана Артиноска, Славчо Павлоски.. 




Сподели го ова:

Слични објави