Очекувано! Во Прилеп за еден ден се продадоа 50% од билетите за новогодишната театарска претстава со “Пипи долгиот чорап и Дедо Мраз”

Сподели го ова:































“Весел театар” во НУЦК Марко Цепенков ќе приреди уште една незаборавна претстава за најмладите во Прилеп. Станува збор за ПРЕМИЕРАТА на интерактивната театарска претстава за деца “Пипи Долгиот чорап и Дедо Мраз”, надополнета со новокомпонирани театарски песни за деца кои се специјално направени за оваа претстава. На крајот од претставата следува сликање со театарските ликови и Дедо Мраз.Во Прилеп за еден ден се продадоа 50% од билетите за новогодишната театарска претстава со “Пипи долгиот чорап и Дедо Мраз”

Претставата ќе биде изведена во НУЦК Марко Цепенков во недела на 21.12.2025 во 11 часот. Израдувајте ги вашите најмили, и заедно со нив уживајте во новогодишната театарска магија. Билети 24/7 може да си резервирате на тел. 077/ 867-169. Цена на билети во претпродажба 200 денари.

“Весел театар” не е само обичен театар како некои други, тоа е театарски тим во кој се вклучени: професионални костимографи, 4 педагошки лица кои работат при изработка на сценариото на претставите, а песните за детските музички претстави се снимаат во професионално музичко студио. Зад музичката обработка на театарските песни стои докажан музички тим: Гоце Балада и Рубин Димкоски од групата МЕМОРИЈА, докажан тандем кој во последниве години во етер има пуштено над 120 детски музички песни за фестивали, мјузикли за деца и театарски претстави.




Сподели го ова:

Слични објави