Нови ефикасни директори има во четири прилепски основни училишта

Сподели го ова:


Нови ефикасни директори има во четири прилепски основни училишта. Врз основа на имињата, станува збор за високо квалитетни обучени образовни кадри кои се очекува успешно да менаџираат со училишната образовна инситуција каде самите тие ќе раководат. Нов директор има во ООУ “Kруме Волнароски” во Тополчани, каде е назначен Дејан Бунтески на местото на Јасмина Караниколова. Имено, Дејан Бунтески по втор пат е назначен за директор во ова училиште, пред се како резултат на неговите успешни менаџерски способности кој што самиот Бунтески ги поседува. Колку за потсетување, во интерес на учениците во ова училиште, во периодот од 2005-2016 година се вложени  околу 17.240.000,00 денари, финаниски средства со кои што се подобрија материјалните и инфраструктурните услови за работа, а исто така во овој период се реализираа и повеќе битни проекти кои што го зголемија квалитетот на образовниот-воспитен процес. Имено, централното училиште е лоцирано во Тополчани, а подрачните училишта кои се во склоп на ова училиште се лоцирани во следниве населените места: Старо Лагово, Чепигово, Клепач, Алинци, Ново Лагово, Галичании, Беровци и Загорани. Значи станува збор за повеќе училиша кои дејствуваат во склоп на централното училиште во Тополчани, па како резултат на тоа, потребен е директор кој што во целост ќе знае да се снајде со целокупното менаџирање во образовниот процес. Врз основа на тоа-Бунтески е вистинскиот избор- директор кој што преку својот достигнат успех во образованието, е веќе успешно докажан-изјавуваат прилепчани. Исто така, нови ефикасни директори има и ООУ “Рампо Левката”, ООУ “Гоце Делчев”, и ООУ “Добре Јованоски”. Нов директор на ООУ “Гоце Делчев” е Снежана Котева, со ООУ “Добре Јованоски” ќе раководи Панде Николоска, а нов директор на ООУ “Рампо Левката” е Жарко Бабаноски,





Сподели го ова:

Слични објави