Одржана 15-тата седница на Советот на Општина Прилеп
Членовите на Советот на Општина Прилеп ја одржаа 15-тата редовна седница, на која расправаа по 35 точки од дневниот ред. Покрај Одлуката за давање согласност на Годишниот план за вработување во 2023 година на ЈКП ,,Пазари“-Прилеп советниците го одобрија и планот за вработување за 2023 година на основното училиште “Кирил и Методиј во Канатларци.
На денешната седница беше дадена согласнот и на Одлуката за корекција на бројот на возења со електронски возни картички во јавниот градски превоз, на Одлуката за усвојување на Ценовник за слободен и посебен линиски превоз на патници и на Одлуката за утврдување на ценовник на услуги за школски превоз на ученици и наставници на ЈП за ПУП Прилеп.
Советниците ги усвоија Одлуките за давање на согласнот на годишниот извештај и програмата за работа на средните училишта и детските градинки „Наша иднина“ како и решението за разрешување и именување членови во Управниот одбор на ЈОУДГ ,,Наша иднина’’.

Со мнозинство гласови беа донесени и измени и дополнувања на годишна Програма за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп, за 2022 година, Одлука за определување на ширина на крајбрежен појас во водотеците во плански опфат на УПС Чепигово, КО Чепигово Општина Прилеп како и Одлуките за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со кои ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправен објект на барање на физички лица.

Дневниот ред на седницата беше проширен за уште 9 точки кои ги одобрија советниците а се однесуваа на утврдување на надоместокот и начинот на плаќање за комунални услуги во рамките на регистрираните дејности на ЈКП Комуналец, утврдување на цената за водоснабдување, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на истите на ЈКП Водовод и канализација.

Советниците ги усвоија и Одлука за давање на стопанисување на јавното осветлување на територијата на Општина Прилеп како и Решението за разрешување и именување на член во УО на ЈП за ПУП Прилеп.

















