Нашиот прилепчанец Илија Ристески изминативе две недели беше дел од “Школата за млади лидери”

Сподели го ова:




Вчера, се одржа последната сесија на 12-та Меѓународна обука за млади лидери на Претседателот Иванов во хотелот Инекс Олгица во Охрид. Оваа сесија беше организирана од Алумни асоцијацијата на Иванов школа за млади лидери (ИСЛАА) која е ко-организатор на школата. Сесијата беше предводена од Катерина Климовска, Претседател на Алумни асоцијацијата на Иванов школа за млади лидери (ИСЛАА), а говорници беа Ѓорге Божинов, Градоначалник на Општина Ново Село, проф. д-р Катерина Велјановска Блажевска, професор и експерт за јавни политики и комуникација, д-р Александар Митов, експерт за јавно здравје, и Даниел Ѓоќески, модератор на школата за млади лидери. Денешните говорници се учесници на Школата за млади лидери на Претседателот Иванов од претходните години и се членови на алумни асоцијацијата ИСЛАА. Говорниците имаа прилика да ги споделат своите искуства и знаења, да споделат совети со учесниците и да им посочат кои се нивните придобивки од учеството на Школата за млади лидери со свои лични примери, и истакнаа како вештините и знаењата стекнати на школата им помогнале да успеат на професионален, но и на приватен план. Претседателката на ИСЛАА, Катерина Климовска, ги презентираше досегашните и актуелни проекти на организацијата, наградите и успесите на нивните проекти, како и можностите за вклучување и вмрежување на учесниците на овогодинешната школа во натамошните активности на организацијата. Имено, на оваа сесија на 12-та Меѓународна обука за млади лидери, свое присуство и говор имаше и нашиот прилепчанец Илија Ристески, при што еве што тој самиот изјави во однос на сето ова: “Ако сакате да изградите нешто огромно, мора да се фокусирате на таа цел за да можете да ги промените нештата на подобро!Изминатите две недели бевме дел од “Школата за млади лидери” која традиционално, години наназад се одржува, благодарение на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р. Ѓорѓе Иванов.Честа и задоволството да се биде дел од оваа школа е прекрасно чувство, а стекнатото искуство е наша должност да го пренесуваме и применуваме!Ви благодариме!” -истакна Илија Ристески, нашиот прилепчанец кој е млад успешен спортист, и голема и признаена интелектуална личност која што поседува големи менаџерски способности, личност со идеи и голема визија.





Сподели го ова:

Слични објави