НАРОДОТ ГО КАЗНИ СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ има 40 пратеници повеќе од СДСМ

Сподели го ова:


























Повеќе од очигледно е дека народот го казни СДСМ, па како резултат на тоа СДСМ освои само 18 пратеници, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кој има 58 пратеници. Како што информиравме утрово, според првичните резултати од парламентарните избори што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница, од обработени над 99,27 проценти од гласовите, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 431.251 (43,23%) или 58 мандати во новиот собраниски состав, Коалицијата од СДСМ 153.250 (15,36%) – 18 пратеници, Европски фронт на ДУИ 137.486 (13,78%) – 19 пратеници.

Што се однесува пак до Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ таа има 106.991 (10,72%) – 13 мандати, Левица има 67.338 гласа (6,75%) – 6 пратеници, а Движење ЗНАМ – За наша Македонија 55.539 (5,57%) – 6 пратеници.




Сподели го ова:

Слични објави