ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ: За неколку дена подгответе се за +20 степени
Во сабота времето ќе биде сончево со мала локална облачност, а исто така ќе имаме и ветер од северозападен правец, додека пак максималната температура ќе достигне 15-тиот степен.
Веќе во недела, времето ќе биде сончево и релативно топло, проследено со мала локална облачност а температурата се очекува да го достигне 18-тиот степен.
Во почетокот на наредната недела, односно во понеделник времето ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец и темпаратури до +20 степени.