Јовчески се сретна со пионерите и кадетите на РК Прилеп, кои на неодамнешниот меѓународен турнир во Грција го освоија второто место
Денес прилепскиот градоначалник Борче Јовчески се сретна со пионерите и кадетите на РК Прилеп, кои на неодамнешниот меѓународен турнир во Грција блескаа со својата игра и спортски дух! Нашите млади ракометари го освоија второто место, остварувајќи 6 победи од 7 натпревари и достојно го претставија Прилеп надвор од границите на Македонија.

Како Локална Самоуправа, остануваме посветени на поддршката на спортот, особено на младите генерации кои се иднината на нашиот град. Ќе продолжиме да инвестираме во вакви талентирани деца, кои со труд и дисциплина растат во вистински спортисти и горди претставници на Прилеп. Браво, момци! Продолжете со истото срце и посветеност! – порача Јовчески















