На 28 февруари – Меморијален турнир во пинг-понг – “Илија Карески” – 2026
Меморијален турнир во пинг-понг – Илија Карески-Прилеп
Со голема чест и почит ве покануваме на Меморијален турнир во пинг-понг “Илија Карески”, кој ќе се одржи на 28.02 и 01.03.2026 во градот под Марковите Кули.

Турнирот е отворен за сите играчи, рекреативци и професионалци, како и за сите љубители на пинг-понгот кои сакаат добра игра, спортски дух и дружење.
Да се собереме, да одиграме, да се потсетиме и да оддадеме почит – преку спортот што нè спојува.
Ве очекуваме! 


















