МВР “му ја расипа забавата” на 67 годишен дедо од битолско! Возел во алкохолизирана состојба
На 21.07.2025 во 02.06 часот на ул. „Македонска фаланга“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.Д.(67) со престој во с.Жабени, битолско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Д. и е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта. Исто така, на 20.07.2025 во 20.30 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода М.М.(51) од Битола.
















