Млад прилепчанец со тврд предмет го оштетил стакло од пријавница на прилепската полиција
Денеска (02.09.2023) во 04.00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле Д.М.(29) од Прилеп затоа што со тврд предмет оштетил прозорец од куќа на ул.„Цане Коњарец“ и стакло од пријавница на Полициска станица Прилеп.
Исто така, при приведувањето Д.М. агресивно се однесувал кон полициските службеници кое вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – информираат од МВР.