ВИДЕО ОД ПРИЛЕП: Откупувачите го прифатија предлогот на Трипуновски – се зголеми цена на тутунот за 30 денари по килограм

Сподели го ова:
























Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска е во Прилеп. Очигледно е дека откупувачите го прифатија предлогот на Трипуновски, а со самото тоа се зголеми цена на тутунот за 30 денари по килограм.

“Денеска сум во Прилеп на средба со тутунарите. Минатата недела имав состанок со регистрираните откупувачи на тутун каде што дадов предлог за корекција на откупната цена и мило ми што дел од компаниите веднаш го прифатија предлогот и ја покачија цената за 30 до 35 денари по килограм. Утрово дознав дека и Сокотаб ќе ја корегираат цената и ќе го следат овој тренд. Воедно апелирам ова да важи за сите тутунари, односно и за оние тутунарите кои досега го имаат предадено својот тутун и за тие кои што ќе го предадат тутунот до крајот на откупната сезона на 28 февруари” – истакна Трипуновски.




Сподели го ова:

Слични објави