Мириса на пролет! Денеска сончево време со температури до 20 степени
Денеска не очекува сончево време, проследено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи од 15 до 20 степени.
И во текот на утрешниот ден ќе имаме слично пријатно време, меѓутоа максималните температури ќе бидат пониски за околу 3 степени и ќе се движат од 12 до 17 степени.


















