ПО ПРИМЕРОТ НА СВЕТСКИТЕ МЕТРОПОЛИ: Битолскиот Широк Сокак блесна во полн сјај!
По примерот на светските метрополи, претпразнично блесна најпознатата и најамбиентална улица во Битола, Широк Сокак. Општина Битола и Јавното претпријатие Комуналец го завршија осветлувањето на фасадите на првиот дел од улицата, а ќе заблескаат сите велелепни градби, во должина на македонскиот архитектонски бисер, се до Офицерскиот дом.
Во ново светло, Битола започнува да наликува на Виена, доволно впечатлива за своите сограѓани, но и атрактивна и инспиративна за многу гости, иселеници и туристи.