Мицкоски ќе ги намали трошоците на родителите за успешен старт на учебната година

Сподели го ова:































Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на ОУ „Стив Наумов“ на првиот училишен ден, нагласи дека се подготвуваат да го олеснат трошокот на родителите за успешен старт на учебната година со лимитирање на цените на производите кои се најпотребни.

Владата подготвува анализа за да ги намали трошоците на родителите на стартот на учебната година и утре на седница ќе усвои мерка за лимитирање на цените на производите… Правиме анализа на сите трошоци и мислам дека во текот на денов ќе биде готова и утре на седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите кои се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, но и периодот после летото да можеме да го поминеме – истакна Мицкоски.

Повеќе детали за новата владина мерка ќе бидат соопштени по владината седница на прес-конференција.




Сподели го ова:

Слични објави