МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Денеска е првиот круг од претседателските избори

Изборите од првиот круг од претседателските избори започнаа денеска во седум часот наутро. Во првиот круг, може да се прогласи победник само во случај ако се освои повеќе од 50% од гласовите на регистрираните гласачи. За овие избори, регистрирани се 1 814 317 граѓани кои имаат право на глас.
Вториот куг на претседателските избори ќе треба да се одржи заедно со парламентарините на 8-ми мај, оваа 2024 година. При гласањето, и на овие избори ќе се применува биометриска идентификација.
















