Крушево ве очекува! Резервирајте веднаш и искористете ги поволните цени во “Hotel Montana” и “Panorama Hotel & Spa “

Сподели го ова:































Вистинска снежна бајка ве очекува во Крушево. Имено, на стазите на „Станич“ туристите веќе уживаат во снегот кој како магична белина царува во убавото снежно Крушево.

Направете го овој зимски распуст незаборавно доживување, како за вас, така и за вашето семејство со Хотел “Панорама Спа” во Крушево. Не чекајте ни миг и резервирајте го вашиот термин на 072/808-808.

Исто така, на располагање ви стои и Хотелот “Монтана” во Крушево, кој претставува магнет за туристите благодарение на пријатните услови и перфектната услуга која ја нуди овој хотел. Уживајте во магијата на зимата со нивните фамилијарни пакети, и резервирајте си го вашиот престој на 072/806-806. Нашиот информативен тим оваа зима ќе биде во Крушево и постојано ќе известува за зимските лудории и снежните убавини во Крушево, се со цел постојано да ве информираме за најновите настани и случувања од највисокиот град на Балканот.

Дека снежната магија во Крушево официјално започна, информираше и крушевскиот градоначалник Нико Чонески, кој истакна:

Со особено задоволство ве информирам дека со првите снежни денови во Крушево, започнува еден од најубавите зимски периоди во нашиот град – отворањето на стазите за санкање на „Станич“, што претставува радост и уживање за сите генерации. Kрушево ве пречекува со чист планински воздух, топла добредојдница, чај и греано вино, како и со автентична зимска атмосфера која секоја година привлекува бројни посетители. Ги уверувам сите оние кои планираат посета, дека патиштата се проодни и редовно одржувани, овозможувајќи безбеден и лесен пристап до градот кој со право го носи епитетот најатрактивна зимска туристичка дестинација во државата. Ве поканувам да го посетите Крушево, да уживате во снегот, природата, гостопримството и заедно да создадеме убави зимски спомени” – порача крушевскиот градоначалник Нико Чонески.




Сподели го ова:

Слични објави