Зошто голем број на прилепчани летово се одлучија да одат на одмор во Ксaмил?

Ксaмил претставува совршено место со голем број на прекрасни егзотични плажи како и одлично и величенствено тиркизно море кое се наоѓа на ривиерата на Јужна Албанија. Ксамил нуди одлична храна, пливање, долги сончеви денови и сето тоа за ниска пристапна цена. Островите во Ксамил се приказна сама за себе. Една од плажите е оддалечена неполни 100 метри од најблискиот остров кој нема плажа, меѓутоа има неколку лежалки на сплав, додека пак што се однесува до пооддалечениот остров таму погледот вреди милиони долари, бидејќи мирното море и тивкиот ветар ви дава спокојство кое е вистинско место за релаксација и уживање.Зајдисонцето во Ксамил сите туристи ги остава без здив. Неколкуте острови во морето кај секој турист создаваат дополнително пријатно чувство, а во далечината се гледа и грчкиот остров Крф.Во Ксамил каде и да појдете ќе наидете на големо гостопримство од тамошните жители, при што насекаде каде што ќе се појавите, без разлика дали одете во ресторан или пак во маркет, ќе бидете пречекани со искрено насмевка.Кога сте во Ксамил задолжително треба да го посетите и т.н. магичното „Сино око“ кое што се наоѓа во близина и кое што претставува синоним за природна тиркизна убавина која што се наоѓа на само 20 km оддалеченост од центарот на Саранда, и ова место е обвиено со ладни дабови дрвја како и горски бели јавори, кои што создаваат таков природен мирис кој што буквално благодарение на морскиот ветар, се меша со тиркизно синило.Дојдете во Ксамил, нема да зажалите. Тимот на “stanica.mk” како најактуелен забавен и информативен портал Ви гарантира одличен помин, одмор и забава доколку се одлучите да го посетите ова место.

