,,Комуналец’’ ги обновува парковите, а несовесните си возат со велосипед низ ново засејаната трева и расфрлаат отпадоци

Сподели го ова:



















Паркирните возила беа декор со години во паркот. ,,Комуналец’’, сега ги обновува парковите, несовесните си возат со велосипед низ ново засејаната трева и расфрлаат отпадоци.





И покрај дождливото време, завршено е со целосното обновување на Музичкиот парк, кај фурната Златно зрно. Овој парк, низ годините се претвори во паркинг простор од несовесни граѓани и целосно се уништи. Заради заштита, извршено е оградување на паркот, засејување со нова трева, преуредување на дел од бекатон патеките и тртоарскиот дел, како и бојадисување на канделабрите.

И покрај апелите за коректно однесување кон парковите каде се засејува нова трева до нејзиното никнување, веднаш по засејувањето несовесен граѓанин низ паркот возел со велосипед, а дуги граѓани наместо отпадоците да ги одлагаат во корпите за отпадоци, кои се донација од д-р Тасески, ги исфрлале наоколу, а една од корпите е целосно уништена.

Останува за секоја девијантна појава да биде прозвано Јавното претпријатие ,,Комуналец’’.

Дали безпотребно се потрошија финасии за овој парк, или можеше со истите да се изгради нов?

Можеме ли сите заеднички да ја зачуваме нашата животна средина, да не се користат расположливите финансиски средства само за одржување, туку на нови содржини?!

Можеме…ако сме културни и коректни граѓани, но, и ако се применува законската регулатива која низ годините најверојатно ја заборавивме дека постои од разни политички, роднински, пријателски и бизнис интереси, и си создадовме мисла дека сме заштитени како белите мечки – истакнуваат од ЈКП Комуналец – Прилеп во својата објава на социјалните мрежи.



Сподели го ова:

Слични објави