Од полноќ, нова поевтина цена на дизелот
Регулаторната комисија за енергетика, донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, и тоа во просек за 1,16%.
Од полноќ, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/литар, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит. Од 9.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,411 (денари/килограм)