Денес Клиничката болница во Битола, им посака топло добредојде на новите специјализанти
Денес Клиничката болница во Битола им посака топло добредојде на новите десет колеги – приватните специјализанти кои по успешно завршениот конкурс сега стануваат дел од нивниот тим.
“Младите лекари на кои Владата им даде вистинска шанса да ја започнат својата професионална кариера дома – во служба на здравјето на граѓаните имаа средба со директорката др. Ненси Лозанче. Ова е уште еден чекор кон зајакнување на јавниот здравствен систем и кон обезбедување поквалитетна и подостапна здравствена услуга за сите. Клиничка болница – Битола активно работи на тоа да ги задржи младите кадри и да создаде услови во кои тие ќе се развиваат, ќе напредуваат и ќе останат да ги лекуваат нашите граѓани тука, во својот град и татковина” – соопштија од битолската болница.















